Во Србија околу 67.500 луѓе чекаат операции – од пет месеци до четири години

Во Србија околу 67.500 граѓани чекаат некаква хируршка интервенција, а во зависност од институцијата се чека во просек од пет месеци до четири години, покажуваат податоците на Здружението на пациенти, објваија Вечерње новости.

Најдолгите листи на чекање се за замена на колк и операција на колено.

Многумина се одлучуваат за хируршка интервенција, но остануваат без одговор на прашањето што е причината за толку долгите листи на чекање, наведува весникот. Како причина за долгогодишното чекање за импланти на колк и операција на коленото, поранешната министерка за здравство Даница Грујичиќ рече дека мисли дека намерно се прават долги листи на чекање, за луѓето да бидат принудени да плаќаат за приватни операции.

Треба да знаете
Последни објави