Search

Сообраќајка во Драчево – четворица повредени

Во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат с.Драчево-с.Морани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од И.С.(26) од с.Зелениково, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.И.(43) од с.Страхојадица, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата сопатничка од возилото „фолксваген голф“, Х.К.(36) од с.Морани, скопско, се здобила со тешки телесни повреди, а И.С., нејзиниот малолетен сопатник и уште една сопатничка С.А.(42) од Скопје од возилото „голф“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави