Search

Запленети непријавени девизи на граничен премин Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за нелегално изнесување на 6.800 евра, откако при контрола на патник откриja поголема сума непријавени девизи. Лицето е македонски државјанин и на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување. При извршената контрола, во рачна торба на патникот биле пронајдени 8.800 евра, за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра, износ што може да се изнесе без да се пријави, додека останатите 6.800 евра се задржани.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

Треба да знаете
Последни објави