Search

ДОАЃА НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Овој викенд температури до 38 степени

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на овој викенд територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов топол бран од Африка, но истиот ќе биде со нешто помал интензитет за разлика од минатиот кога беше екстремно топло.

Температурите за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9.

Треба да знаете
Последни објави