Search

Во Тетово за паркинг се гине: Закана со пиштол за кавга околу паркирање на возила

МВР информира дека 51-годишник од тетовско е уапсен откако со пиштол му се заканил на друг тетовчанец поради недоразбирање околу паркирање на возила во Тетово. Освен пиштолот со кој се заканувал, во домот на уапсениот пронајдено е и друго оружје и муниција.

„На 25.07.2024 во 10.00 часот на улица „146″ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(51) од тетовско, затоа што околу 08.50 часот, поради недоразбирање околу паркирање на возила, со пиштол му се заканил на Н.А.(54) од тетовска Мала Речица. При приведувањето, кај А.А. бил пронајден и одземен пиштол кубура, додека подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава” калибар 7.62мм, две рамки за пиштолот и 46 куршуми калибар 7.62мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – информираа од МВР.

Треба да знаете
Последни објави