Search

Автомобил целосно изгоре и предизвика пожар во близина на Струмица

Струмичките пожарникари утринава учествувале во гасењето на опожарен автомобил.

,,Денес, (петок) 26.07.2024 година, во 01.00 часот на локацијата викано Двата пата на ридот над Струмица, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило. Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше сопрено неговото натамошно ширење.

Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број 112/193.”, информираат од Пожарникари – Струмица.

Треба да знаете
Последни објави