Search

Соседи се степале за паркинг простор во скопски Аеродром

Маж од Свети Николе пријавил во полиција дека бил нападнат од негов сосед за паркинг простор.

Имено, денеска во 02.30 часот во СВР Скопје, А.П.(42) од Свети Николе пријавил дека околу 00.20 часот пред зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија за паркинг простор, бил физички нападнат од негов сосед.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави