Search

Силно невреме ја погоди Србија: Затворен тунелот Предејане, кал се слева на автопатот

Силно невреме вчера попладне зафати делови од Србија, а се чини дека најдраматично беше на југот од земјата.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледаат водопади со матна вода како се спуштаат од блиските ридови кон автопатот, пренесува Блиц.

Во меѓувреме возачите беа известени дека поради лошото време ќе биде затворен тунелот Предејане, поточно десната цевка од тунелот во правец кон Врање, но и дел од автопатот бидејќи водата со голема брзина продира во него.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

Треба да знаете
Последни објави