Search

Пронајдени 22 тела по авионската несреќа во Непал, пилотот хоспитализиран

Во авионската несреќа што се случи во главниот град на Непал, Катманду, загинаа 22 лица, а едно лице е хоспитализирано, изјави денеска портпаролот на Управата за цивилна авијација Ханза Раџ Пандеј, пренесе кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Ројтерс сепак наведува дека во авионот имало 19 патници и членови на екипажот и дека по несреќата биле пронајдени најмалку 18 тела на жртвите.

До несреќата дошло кога авионот на непалската компанија „Сауриа ерлајнс“ се обидел да полета од аеродромот Трибуван во Катманду до одморалиштето во Похар.

Треба да знаете
Последни објави