Search

КХС расчисти дива депонија кај американска амбасада 

ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно се соочува со непрописно одлагање отпад на јавни површини и на просторот околу контејнерите и претпријатието секојдневно реализира активности за расчистување на непрописно одложениот отпад, велат од комуналното претпријатие.

„Во текот на вчерашниот ден расчистена е една од локациите каде постојно се повторува непрописно одлагање отпад,а тоа е просторот кај бул. Никола Карев кај игралиштето спроти Американска амбасада.Собрани и транспортирани се околу 50м3 отпад.По расчистување на просторот извршено е рачно и машинско миење со автоцистерна. ЈПКХС апелира до несовесните граѓани да не се одлага отпадот непрописно, сè со цел да придонесеме за чиста и здрава животна средина“ стои во соопштението на КХС.

Треба да знаете
Последни објави