Нови детали за убиството во гостиварско: Во жртвата е пукано со автоматска пушка, осомничени двајца браќа

Денес во 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско Дебреше со огнено оружје било пукано врз Р.К.(35) од Дебреше а како осомничени дека се извршители на делото се браќата Ј.В. и Б.В. од истото село, кои биле со патничко возило ,,Волво” со Швајцарски регистерски ознаки.

Едниот од нив, Б.В. е приведен и од истиот е одземена автоматската пушка со кое го извршил делото. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави