Search

ДКСК отвори предмет за подарениот имот на Јанушев

Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за имотите на Игор Јанушев и Панче Тошковски откако добила пријавата од Управата за финансиско разузнавање, која пак до нив ја поднел непознат подносител.

Од Антикорупциската комисија велат дека во пријавата се бара проверка на имотот на Јанушев, за имот кој наводно не го пријавил во анкетниот лист поднесен до ДКСК, а во рамки на истиот предмет од Антикорупциска ќе биде извршена проверка и на имотот за кој сега се појавија сомнежи пишан како подарок.

Од СДСМ претходно изјавија дека на имотот што Јанушев го добил како подарок сега веќе изградено станбена зграда.

„Фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра е составен дел оваа зграда, во најстрогиот дел од Центарот на Скопје.

Она што е особено интересно е дека имот во оваа зграда, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Еве го неговиот имотен лист.Тошковски во зградата која е дел од шемата за поклонетиот имот на Јанушев има имот од над 200 квадрати, стан од 146 метри кавдратни и деловни простории од 46 метри квадратни. Вкупната пазарна вредност на овој имот е над 400.000 евра.Овој случај ужасно потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин“ велат од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави