Search

Советот на ЕУ го укина визното ограничување за Србите со српски пасоши издадени на Косово

Советот на Европската унија денеска усвои одредба со која се укинува визниот режим за носителите на пасоши на Директоратот за координација на Србија, што издава патни исправи на Србите во Косово, а целта на одлуката на Советот на ЕУ е целиот Западен Балкан да биде предмет на истиот визен режим, пренесе Бета.

Србите во Косово со такви пасоши беа единствените изземени од безвизниот режим на  патување во ЕУ, што вообичаено важи за сите земји од Западен Балкан.

Одлуката ќе стапи во сила 20 дена по објавувањето во службениот весник на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави