Леброн Џејмс ќе го носи знамето на САД на отворањето на ОИ во Париз

НБА кошаркарот Леброн Џејмс, ја доби честа да го носи знамето на Соединетите Американски Држави на свеченото отворање претстојните Олимписки игри во Париз.

Кошаркарите на САД се фаворит за освојување на златниот медал, Дрим-тимот го сочинуваат 12 ѕвезди, предводени од најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс.

Џејмс четврти пат игра на Олимписките игри, а за првпат ја добива честа да го води тимот на својата земја на отворањето.

На претходните три Олимписки игри со својата репрезентација освои две злата (Пекинг 2008 и Лондон 2012) и една бронза (Атина 2004).

Треба да знаете
Последни објави