Search

103 возачи казнети во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информира МВР.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум санкции за управување возило со брзина поголема од пропишаната, седум мерки за некористење сигурносен појас…Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ се вели во соопштението од МВР.

Треба да знаете
Последни објави