Search

Високите температури во Бодрум предизвикаа топење на асфалтот

Делови од Турција се погодени од топлотен бран, а високите температури во Бодрум предизвикаа топење на асфалтот на одредени места.

Според турските медиуми, во областа Мугла каде се наоѓа и градот Бодрум во изминативе неколку дена владее екстремна жештина.

Температурата на воздухот се искачи на 44 степени, поради што се топи асфалтот на коловозите. Тоа предизвика тешкотии за оние кои живеат во руралните области и за возачите кои минуваат низ тие патишта.

Треба да знаете
Последни објави