Состојба на државните патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 02:45 часот на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, кај м.в Џаферица, атар на с.Тополчани сообраќајот е нормализиран.

На 18.07.2024 година во 20:50 часот на регионалниот пат Р1 103 Неготино-Штип, кај крстосница 20км – Неготино преку превојот Серта е нормализиран сообраќајот за сите видови возила, во двата правци.

На 19.07.2024 година во 15.25 часот на регионалниот пат Велес-с.Извор, кај м.в.„Пашин мост“, поради пожар на сува трева на двете страни на патот, сообраќајот е во целосен прекин.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛАОд 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

–      петок од 17:00 – 22:00 часот, 

–      сабота од 09:00 до 18:00 часот и

–      недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

–      петок од 15:00 – 22:00 часот,

–      сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави