СДСМ утре ќе го открие целиот скандал фамилијарни патувања на власта за Вашингтон на самитот на НАТО

Првата меѓународна посета на новиот премиер Христијан Мицкоски на самитот на НАТО во Вашингтон, САД, помина и со првиот скандал за составот на делегацијата што тој ја предводеше.

СДСМ со денови изнесува детали околу патувањето на владината делегација предводена од Мицкоски.

Прво во јавноста се појави фотографија дека со Мицкоски е неговиот син Јован, па потоа и дека во САД била и сопругата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

СДСМ изнесе информации и дека Мицкоски до САД летал во луксузна бизнис класа каде еден билет чини и до 4.000 евра.

Според информациите што ги доби 24инфо од опозициската партија утре пред јавноста ќе го открие целиот скандал со патувањето на Мицкоски.

Освен што кажа дека патувањето на неговиот син не било покриено со буџетски пари, Мицкоски и Владата се прилично молчеливи за составот и трошоците на делегацијата што присуствуваше на самитот на НАТО во Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави