Од обилните дождови во Кина падна мост: 11 загинати, 30 исчезнати

Во уривање на мост по обилните дождови во северна Кина загинаа 11 лица, а повеќе од 30 се водат како исчезнати, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Мост на река се урна синоќа „поради обилни дождови и поројни поплави“ во Шанглу, провинцијата Шанкси, јави новинската агенција Ксинхуа, додавајќи дека загинале 11 лица.

Кинеската CCTV објави дека 30 лица се водат како исчезнати, додека околу 20 возила паднале во реката.

Спасувачите се на терен.

Големи делови од северна и централна Кина се погодени од обилни врнежи од вторникот, кои предизвикаа поплави и голема материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави