Групна тепачка меѓу деца и родители во Струга –учествувал и Државен правобранител

Тепачка на двајца 16 годишници од Струга предизвика масовна пресметка меѓу родителите и роднините. Еден од учесниците во неа е актуелен Државен правобранител за струшкото подрачје.

Настанот се случил лани на 17, август а Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – Учество во тепачка.

Од обвинителство информираат дека тепачката се случила кај луна-паркот на улицата “Партизанска”, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка.

Се вклучиле родители на двете деца и други роднини од двете страни, а во физичката пресметка едно од децата се здобило и со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.

Треба да знаете
Последни објави