Search

Бебе спасено од стомакот на бремена Палестинка, убиена во напад во центарот на Газа

Лекарите успеале да спасат бебе на Палестинка која била во тешка бременост и била убиена во израелски напад во Појасот Газа, јавија палестинските медиуми.

Палестинската новинска агенција ВАФА, цитирајќи ја болницата Ал-Авда во Нузеријат, објави дека детето е родено во итна операција.

Новороденчето добива медицинска нега во болница во централниот дел на Појасот Газа и е во стабилна состојба, пренесе агенцијата.

Палестинските медиуми објавија дека осум лица загинале во напад на израелската армија врз станбена зграда во бегалска населба.

Портпаролот на израелската армија како одговор на истрагата рече дека ги проверуваат натписите.

Треба да знаете
Последни објави