Тешко повреден возач на електричен мопед по судир со патничко возило

Во Полициската станица Неготино вчера во 10.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Индустриска“ со ул.„Гоце Делчев“ и локален пат кај с.Курија во Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од З.М.(55) и електричен мопед, управуван од Џ.Т.(63), двајцата од Неготино, а двете возила со неготински регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Здравствен дом Неготино.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Треба да знаете
Последни објави