Search

Тинејџер од Србија претепан со рачка од пиштол, му скршиле два заба

Малолетник од Србија добил лекарска помош, се здобил со тешки телесни повреди, а од удар со пиштол му испаднале два заба.

Будванската полиција идентификуваше малолетник од Будва кој утрово три часа по полноќ со пиштол удрил по глава малолетен српски државјанин на шеталиштето недалеку од дискотека.

Како што неофицијално дознава „Вијести“, околу четири часот наутро полицијата го пронашле напаѓачот во ресторан.

Бил претресен станот во кој живее, а во мотоциклот што го поседува бил пронајден пиштол за стартување, за кој постои сомневање дека бил употребен во тепачката.

Малолетникот од Србија добил лекарска помош, се здобил со тешки телесни повреди, а од удар со пиштол му испаднале два заба.

За случајот бил информиран основниот државен обвинител од Котор за малолетници.

Треба да знаете
Последни објави