Search

Перо Антиќ станува помошник во стручниот штаб на Феникс?

Перо Антиќ кој во изминатите неколку години ја извршува функцијата претседател на Кошаркарската федерација на Македоија наскоро би можел да има нов предизвик.

Своевремено Антиќ стана првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата, а сега повторно може да има своја улога на другата страна на Атлантикот. Според последните најави од САД, Антиќ би можел да биде дел од стручниот штаб на Феникс.

Тренер на Феникс во овој момент е Мајк Беденхолцер, човек со кого Антиќ како играч соработуваше во Атланта, а сега би можеле да соработуваат и на клупата.

Освен најавите на медиумите во САД, на социојалните мрежи се појавија и видеа од припремните натпревари на Феникс на кои се гледа Антиќ во опремата на НБА франшизата.

Треба да знаете
Последни објави