Search

Мерцедес удрил во запрено возило на автопатот Куманово – Скопје, четири лица повредени, од кои две потешко

Вчера во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(22) од Скопје, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од Л.С.(20) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило, М.М.(20) и М.Т.(20), двајцата од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави