Search

Ликвидиран убиецот на српскиот полицаец

Српската полиција го лоцирала во Лозница и смртно го застрелала 33-годишниот Фатон Хајризи, објавија српските медиуми.

Тој давал отпор и отворил оган кон полицијата, пред да биде застрелан. Пред два дена Хајризи го уби 34-годишниот полицаец Вјекослав Илиќ, а рани негов колега за рутинска полициска контрола на такси возило, во кое се наоѓал убиецот заедно со свој пријател.

Хајризи пред една недела побегнал од затвор во Косово, каде отслужувал казната за убиство на руски војник на КФОР и други злосторства. Тоа, според српските медиуми, било негово деветто бегство од затвор

Треба да знаете
Последни објави