Цел кров падна врз паркирани автомобили во Маџари – направена е огромна штета (ФОТО)

Невремето кое зафати делови од Скопје направи огромни материјални штети. Според фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција, во скопската населба Маџари има паднат лимен кров врз повеќе паркирани автомобили, а некои се буквално смачкани.

По невремето кое траеше околу половина час, во истата населба има и паднати дрва, улиците се преплавени со вода, а повеќе општини останаа и без електрична енергија.

Треба да знаете
Последни објави