Загина жена од Скопје, со автомобил излетала од патот Стража-Гостивар

На 18.07.2024 во 08.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Стража – Гостивар, патничко возило „спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(74) од Скопје, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, Л.А. починала на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави