Search

Дел од пруга во Хрватска се деформира поради високите температури

Многу високите температури изминатите денови деформираа дел од пругата на релација Оштарије – Книн – Сплит, но штетата набргу беше санирана.

Работниците на хрватските железници веднаш излегоа на терен. Додека пругата се санира, патниците се превезуваа со автобуси.

По неколкучасовна работа, делницата повторно беше пуштена за сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави