Search

Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Не глумете опозиција, власт сте

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска преку писмено соопштение реагира наповиците на ВМРО-ДПМНЕ до Државната комисија за спречување на корупцијата, да го испита нејзиниот имот.

„Добро утро послушници од ДПМНЕ. Еве веќе 20 дена како и официјално сте власт, па нема потреба од повторувања на прес конференции, ниту да ја повикувате ДКСК. Само за потсетување дека овие обвинувања се одамна, Драган Ковачки лажеше и ме клеветеше. И како што ветив во судска постапка докажав дека е лажго. Ама од срам ја крие пресудата и ве турка во поголема брука.

Ај сега еден бесплатлен совет од мене, бидејќи сте власт и МВР повторно е МВРО поведете истрага за наводната хациенда, па пак да “си пукате во нога”

Во меѓувреме одговорете:1. Како е можно за помошник министер во МВР да е поставено лице со активна кривична пријава?
2. Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена?
3. ⁠Ќе се извини ли Мицкоски за злоупотреба на позицијата и организирање  прошетки на неговиот син во Вашингтон?
4. ⁠Како е можно за директор на Управата за извршување на санкции да поставите лица со несоодведно искуство?
5. ⁠Кој ви дозволи ја задолжувате државата, односно граѓаните со 500 милиони евра за да ги покриете неспособните градоначалници на ДПМНЕ?

Со лаги, клевети и закани нема да ме спречите да ја говорам вистината и да поставувам прашања.

Одговорете, не молчите“ стои во реакцијата на Петровска.

Треба да знаете
Последни објави