Search

На 40+ степени жителите на Катланово оставени два дена без вода

Во период кога надвор температурите се над 40 степени селото Катланово од Општна Петровец веќе два дена е без вода.

Како што велат жителите водата била запрена вчера наутро околу седум часот и во овој момент сè уште селото е без вода. Одговорите на одговорните во Општината се дека има проблем со пумите за вода кои биле испратени на сервис и времето на поправка не зависело од нив.

Последните најави се дека водата би требало да биде пуштена во утрешниот ден, но и тоа не е потврдено со сигурност.

Треба да знаете
Последни објави