Левица: Касами, од коалициското трио ВЛЕН – ДПМНЕ – ЗНАМ промовира албано – косовско културно лето 

Интегрален текст од соопштение за јавност на политичката партија Левица:

Екстремно шовинистички настроениот градоначалник на град Тетово, по веќе своевидно утврдена динамика и исценирана режија, продолжува да го омаловажува македонскиот народ.

Тој и ова лето поддржува и промовира културно лето, преку кое се додворува на соседно Косово по урнек на Гаши. 

Имено, програмскиот дел на манифестацијата како и минатата година е испишана само на албански јазик.

Во делот на настапите има само еден настап на македонски јазик и еден на турски јазик. Другите заедници, кои живеат, творат и воедно плаќаат порез на Касами се фантом – граѓани или попросто речено: небитни.

Напоменуваме дека застапени се две промоции: од кои преку едната се презентира и историски се величи војната во Косово. Додека другата се однесува на промовирање на косовска библиотека.

Потсетуваме дека Касами е еден од најнеобалостичките градоначалници во историјата на Македонија, кој отворено ја мрази државата, а истовремено одработува за Курти.

Досега, неговите партнери од ДПМНЕ И ЗНАМ не реагираа на ваквите подли игри и понижувања, туку ги сместија на највисоки државни позиции, во името на лажно-искривеното “братство” оти најважно е државата да биде горда, твоја, ничија, а сепак сечија.

Треба да знаете
Последни објави