Search

И надвор од населено место и опкружена со војници, Давкова е обезбедувана со балистички куфер

Претседателката на државата и врховен командат на вооружените сили Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на припадници на Армијата кои помагаат во справување со пожарите во неготинско.

Но на официјалните фотогорафии можеше да се забележи еден интересен детал.

Имено, Давкова иако е опкружена од припадници на Армијата, иако се наоѓа далеку од населено место, сепак нејзиното официјално обезбедување стои крај неа и носи балистички куфер.

Балистичкиот куфер е дел од опремата на единиците на МВР за обезбедување важни личности и истиот има функција на заштита од боева муниција испукана од непосердна близина.

Затоа, зачудува фактот што и покрај тоа што е на локација каде очигледно нема некаков сериозен безбедносен ризик и покрај тоа што е опкружена од војници, обезбедувањето на Давкова решило да користи балистички куфер за заштита на претседателката.

Треба да знаете
Последни објави