Дознала дека татко и планира да ја мажи за пари: Малолетничка од Куманово побегнала од дома и пријавила во полиција

Девојка од Куманово побегнала од дома кога дознала дека нејзиниот татко сака да ја мажи за пари.

Имено во СВР Куманово, синоќа во 22.00 часот, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја омажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави