Муцунски и Мисајловски имаа куса средба со Блинкен (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварија куса средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Средбата се одржала во рамки на низата организирани настани во Вашингтон каде се одржува Самитот на НАТО. Што било разговарано на истата се очекува со детали да се произнесат во текот на денот.

Мисајловски и Муцунски се дел од македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која присуствува на НАТО Самитот и одбележувањето на 75 годишнината на Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави