Маж почина откако бил удрен од воз во близина на Кисела Вода

Возот Скопје – Битола кој тргнува од Железничката станица во 20:05 часот вчера над четири часа стоеше кај Кисела Вода, односно на излез од населбата 11 Октомври, на надвозникот.

Возот, според МВР, удрил во маж на возраст околу педесет години.

Од ударот, лицето починало на местото на несреќата.

На терен имаше и полиција, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави