Во Бутел комуналците десетина дена не го собрале ѓубрето

Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите на ЈП „Комунална хигиена“, кои се под директна команда на градоначалничката Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на општина Бутел, информира градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

– Сликите се застрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата. Додека не е доцна, апелирам службите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните! Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на Градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните – вели Костовски.

Треба да знаете
Последни објави