МВР со детали за несреќата кај Мавровка

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ излетал од патот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, повредени се патник и возачот.

Автобус на ЈСП, движејќи се по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, излетал од коловозот во близина на клучката со улицата „Филип Втори Македонски“.

Инцидентот се случил во 14:50 часот и бил пријавен во СВР Скопје. Според информациите, еден патник и возачот, кој управувал со двокатниот автобус на ЈСП, се пренесени во болница за укажување на помош.

Полициски службеници на СВР Скопје веднаш излегле на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави