Има повредени во сообраќајка кај ТЦ „Мавровка”

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако двокатен автобус излета од коловозот и заврши врз жардиниерите.

Од Итната медицинска помош потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди.

Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид.

Треба да знаете
Последни објави