Search

Жена од Тетово фатена со фалсификувана возачка дозвола на автопат Тетово-Гостивар

Рано утрово на автопатот Тетово-Гостивар, кај наплатната станица Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, при сообраќајна контрола, ја лишиле од слобода А.М.(21) од тетовско Желино, која управувала моторно возило.

При преглед на возачките документи, таа доставила возачка дозвола за која постои основано сомневање дека е фалсификувана.

А.М. е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави