Работник тешко се повредил при работа со трактор во Свети Николе

Работник тешко се повредил при работа со трактор во Свети Николе. Итната медицинска помош интервенирала за 44 годишниот човек, кој веднаш бил пренесен во Клиничка болница Штип.

Настанот се случил вчера во 9 часот и 10 минути, а пријава за него добила и полициската станица Свети Николе. Во Клиничка болница штип по приемот, на пациентот му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полициски службеници од ОВР Свети Николе излегле на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави