Search

Тешка сообраќајка кај Брвеница: Повредена велосипедистка

На 04.07.2024 година околу 21.10 часот на регионален пат Тетово – с. Волковија, поточно кај тетовска Брвеница, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(43) од тетовско Прељубиште и велосипед управуван од 57-годишната Р.Р. од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Р., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави