Search

Од денес (петок) температурите ќе започнат да се покачуваат

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, од денес како што и претходно најавивме температурите кај нас во Македонија ќе бележат тенденција на пораст, па така максималните дневни температури на воздухот денес (петок) 5.7.2024 ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 30, 31 степен.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, но сепак ќе има појава и на мала до умерена локална облачност. Ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во текот на денов следува детална анализа околу многу топлиот бран кој повторно ни доаѓа од Африка, и тоа уште од овој викенд.

Треба да знаете
Последни објави