Search

Втор круг претседателски избори во Иран

Во Иран денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кој ќе се соочат тврдокорниот Саид Џалили и реформистот Масуд Пезешкијан.

Вториот круг се одржува откако во првиот ниту еден од кандидатите не обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите. Пезешкијан освои околу 42,5 отсто од гласовите, а Џалили 38,7 отсто.

Околу 61 милион луѓе имаат право да гласаат за наследник на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.

Моќта во Иран е во рацете на врховниот лидер, ајатолахот Хамнеи, кој делува како шеф на државата и го има последниот збор за сите стратешки прашања, а исто така е и врховен командант на вооружените сили на Иран, додека претседател е втор во структурата на власта во Иран.

Треба да знаете
Последни објави