Search

Во Тетово иселениците ќе паркираат по училишните дворови, за да се избегне гужвата

Со почетокот на месец јули, во поширокиот Полошки регион, подрачје кое административно го покрива СВР Тетово, се забележува зголемениот интензитет на враќање на иселениците кои живеат и работат во странство, додека во втората половина од овој и почетокот на идниот месец се очекува нивниот број уште повеќе да се зголемува, поради што редовно се преземаат сите мерки и засилени активности за да се овозможи нормално и непречено одвивање на сообраќајот низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, а посебно околу превенирањето
и санкционирањето на погрешното и непрописното паркирање на возилата, велат од СВР Тетово.

Додаваат дека во соработка со локалните самоуправи веќе се отворени дворовите на неколку основни и средни училишта во централните градски подрачја за да се овозможи паркирање на
возилата и да се избегне двојното, односно паралелно паркирање, како и паркирање во зона на раскрсници, на тротоари, пешачки премини и слично.

Потенцираат дека возилата што го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот ќе бидат подигнати до општинските „пајак“ служби кои ќе бидат интензивирани активности и со подолго работно време.

Над 2.500 мерки се изречени во минатите шест месеци во однос на непрописно и погрешно паркирање на возила, а со „пајак служба“ биле подигнати над 1.000 возила кои директно го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот, додека за прекршителите се издадени соодветни платни налози и тие ќе се соочат со парични казни предвидени со закон. Секторот за внатрешни работи Тетово, поради веќе дојдените иселеници и очекуваното зголемена фреквенцијата на сообраќајот, апелира до возачите да ги почитуваат правилата и законските прописи во сообраќајот за да се избегнат сериозни последици и застој во сообраќајот, да бидат свесни, да не ги паркираат нивните возила кај што ќе стигнат и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, велат од СВР Тетово.

Треба да знаете
Последни објави