Search

Би-Би-Си: Се очекува Сунак формално да ја поднесе својата оставка до кралот Чарлс во наредните часови

Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија по 14 години власт на вчерашните избори претрпе пораз од лабуристите, во наредните часови формално да му ја поднесе оставката на кралот Чарлс, јавува Би-Би-Си.

Сунак се враќа во Лондон, каде наскоро ќе се сретне со кралот Чарлс, откако успеа да го задржи своето парламентарно место во Јоркшир.

По оставката на Сунак, се очекува кралот Чарлс официјално да побара од лидерот на лабуристите Кир Стармер да формира влада.

Треба да знаете
Последни објави