Search

Пронајден најстариот примерок на пештерска уметност во светот: Ниту една од познатите слики до сега не била ни блиску толку стара

Слика на ѕид од пештера на индонезискиот остров Сулавеси се чини дека е најстар доказ за сликовни приказни во уметноста, објавија денеска научниците од австралискиот универзитет и индонезиските научни институции.

Научниците од австралискиот Универзитет Грифит, Индонезискиот Национален истражувачки институт и агенцијата за иновации (BRIN) и Универзитетот “Southern Cross” открија цртеж во пештера на кој се прикажани човечки фигури и дива свиња.

Пештерата се наоѓа на островот Сулавеси во груба област каде што преовладува карбонатната подлога, воглавно варовник. Било утврдено дека сликата е стара 51.000 години, што го прави најстариот, веродостојно датиран примерок на пештерска уметност во светот и најраната наративна уметност.

„Нашите резултати се изненадувачки: ниту една од познатите слики од леденото доба во Европа не е ни приближно стара како оваа, освен некои контроверзни локации во Шпанија. Ова е, исто така, прв пат карпестата уметност во Индонезија да надмине 50.000 години старост“, изјави водачот на истражувањето Ади Агус Октавијана.

Адам Брум, кој го води истражувањето заедно со него, рече дека откритието води до заклучок дека раскажувањето приказни било еден од клучните делови на раната човечка уметничка култура во Индонезија.

Луѓето веројатно раскажуваат приказни многу подолго од тие 51.200 години, но бидејќи зборовите не можат да се фосилизираат, можеме да се потпреме само на индиректни докази како што се сликање сцени од животот на уметнички начин и Сулавеси сега е најстариот таков доказ познат на археологијата, рекол Брум.

Треба да знаете
Последни објави