Search

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, потврди таа за МИА.

Таа завршила Медицински факултет на УКИМ во 2006 година. Специјализација по гинекологија и акушерство завршила во 2012 година на ГАК, каде има долгогодишно работно искуство, од 2007 година.

Сега била избрана за професор на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Таа доаѓа на местото на Викторија Јовановска, која беше на чело на оваа клиника околу седум години.

Треба да знаете
Последни објави