Search

Укината е забраната за користење на зборот „шехид“ на Фејсбук и Инстаграм

МЕТА вчера објави дека ќе ја укине општата забрана за зборот „шехид“ по едногодишно разгледување од нејзиниот надзорен одбор, пишува „Ројтерс“.

Зборот „шехид“ всушност значи маченик, оној кој умрел исполнувајќи верски наредби или за време на војна за религија. Шехидите често се нарекуваат бомбаши самоубијци или терористи кои загинале за време на извршување на терористички чин.

МЕТА е критикувана со години за справување со содржини кои го вклучуваат Блискиот Исток. Студијата од 2021 година нарачана од самата МЕТА покажа дека пристапот на МЕТА има „штетно влијание врз човековите права“ на Палестинците и другите корисници кои зборуваат арапски.

Критиките ескалираа по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври минатата година. Надзорниот одбор ја започна својата ревизија минатата година бидејќи зборот предизвика повеќе отстранувања на содржини отколку кој било друг збор или фраза. Мета е матична компанија на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Ревизијата утврдила и дека правилата на Мета за зборот „шехид“ не ја земале предвид различноста на значењата на зборот и резултирале со отстранување на содржини што не биле насочени кон пофалби на насилни акти.

Треба да знаете
Последни објави