Search

Филипче: Таборизација се случува кога луѓето се чуствуваат исклучени и без глас во партијата

Табори во СДСМ повеќе нема да постојат, бидејќи секој член ќе биде слушнат, ова го најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче во синоќешното гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма.

„Луѓето одат во таборизација и се групираат во табори тогаш кога не им се слуша гласот. Треба да им се понуди широка платформа во што поголем број присутни членови, а не само на раководство. Раководствата во следниот период откако ќе се направат и статутарните измени ќе бидат избрани и од самите членови, а самото тоа е акт на слушање на гласот на членовите, како и во градење на други политики, преку често присуство во самите Општински органзиации на целокупното раководство.“-рече Филипче, претседател на СДСМ.

Филипче смета дека тоа е лекот таборите во партијата да паднат.

„Сечиј глас ќе биде слушнат. Тоа е мојот план и сметам дека тоа е главната работа што треба да се направи. Тоа го кажуваат самите членови, тоа е на нивно барање. Честото состанување практично е лекот да се стигне до тоа, односно како што јас велам ќе направам реформа на менталитетот“-истакна Филипче, престедател на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави